Thursday 21 September 2017  
   

                         Sitemap

 
Незнаењето на изведувачите е скапо за инвеститорот

Неверојатен феномен на нашето време е дека инвеститорите избираат изведувачи, на пример за градежни работи, исклучиво на основа на понудена цена, а воедно не си загарантирале одговорни за надзор, кои би го надгледувале изведувањето на работите за инвеститорите да добијат она што тие со право го очекуваат и поштено го платиле.

Една од главните грешки што се повторуваат редовно на нашитеградилишта, е употребата на несоодветна изолација кај закопаните, на пример подрумските ѕидови.

Несоодветната изолација во почвата, во терен со влага, или пак во терен со подземна вода ги губи топлинско изолациските својства. Соодветна топлинска изолација лиценциранa за употреба под нивото на подземната вода е FIBRANxps 300-L, изолација со измазнaта површина. Изолацијата со површина во форма на вафел (наполитанка) не е погодна за употреба во земјата, ниту пак  EPS изолациите коишто уште повеќе впиваат влага и вода .



Изолации во контакт со земја

Посебно предупредување за инвеститорите и изведувачите!

Поради недостатокот на знаење за својствата на топлинско изолациските материјали, својствата на финалните производи (видови производи) и дозволениот начин на употребата на истите, често се случува изведувачите, незнаејќи под притисок на понуда со ниска цена, да инсталираат одлична топлинска изолација на несоодветно место или на несоодветен начин. Најчесто тоа се случува при топлинската заштита на закопани ѕидови ...



веб-страници на FIBRAN IZOLMAK

веб-страниците на FIBRAN на македонски јазик се во подготовка, наскоро ќе бидат објавени. До тогаш, ве молиме посетете ја страницата на нашиот стратешки партнер за Македонија: www.izolmak.com.mk.



Пасивни куќи на иновативни темели

pasivna kuča, pasivna hiša, passive house Aachen, SEISMIC foundation Pillow

Кон крајот на април 2014 година, во Ахен, Германија се одржа 18-та Меѓународна конференција за пасивни куќи, каде што беше презентирана темелната перница SEISMIC.

FIBRAN оваа година беше избран да ја претстави иновативната SEISMIC темелна перница како решение кое овозможува проширување на изградбата на пасивни згради и во областите со сеизмичка повисока загрозеност, како што е на пример Балканскиот Полуостров.

Преку презентација на практични решенија кои се создадени врз основа на повеќегодишни истражувања на словенечки експерти, беше забележано дека веќе во проектното сеизмичко забрзување ag = 0,1g, како најмало претпоставено забрзување во североисточниот дел на Словенија и нејзиниот крајбрежен дел, мора да се контролираат евентуалните поместувања на објектот во случај на сеизмичка активност, односно може да се употреби системот SEISMIC за безбедност на монтираните инсталации преку темелната плоча.

Fibran-овото иновативно решение SEISMIC темелна перница во исто време ја решава и топлинската заштита во почвата со изведба без топлински мостови, исто така врши и заштита од вода и влага.

Најоптимално решение

Повеќе за решенијата на темелите кај пасивните куќи



Сеизмичка темелна перница во пракса

temeljna blazina SEISMIC   temeljna blazina SEISMIC

 

 

 

 

 

 

 

Вака се градеше првата сеизмичка темелна перница (топлотно и хидро- изолирана темелна плоча за сеизмички ризични подрачја) во Европа.



Добредојдовте во ЕНЕРГЕТСКИОТ ШТИТ на FIBRAN!

На нашата веб страница се наведени некои совети за градење со употреба на изолацијата FIBRAN во различни конструкции. Овие совети се добредојдени како за проектантите, така и за изведувачите, надзорните лица и самоградителите.



    DOP 

              Sitemap


   22/10/2014   Незнаењето на изведувачите е скапо за инвеститорот
Неверојатен феномен на нашето време е дека инвест...

   24/07/2014   Изолации во контакт со земја
Посебно предупредување за инвеститорите и изведувач...

   30/05/2014   Пасивни куќи на иновативни темели
Кон крајот на април 2014 година, во Ахен, Германија с...

   28/05/2014   Сеизмичка темелна перница во пракса
                 В...


Copyright © 2017 Fibran Designed & Developed by Tessera
_EU_COOKIE_MESSAGE